Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека до сабота ќе се задржи претежно стабилно време.
В недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Од вторник, поради продор на постуден воздух од север, ќе има значително опаѓање на дневната температура, се вели во соопштението на УХМР.
Денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до 32 степена.


