Западнонилската треска не стивнува- почина уште едно лице, 11 пациенти се на Инфективна клиника

Објавено:

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана, соопшти дека 66- годишен кумановец, кој бил со коморбидитети, е последниот смртен случај со западнонилска треска.

Тој додаде дека пациентот веќе 28 дена бил хоспитализиран на оваа клиника со потешка клиничка слика.

Директорот информира дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, а во моментов 11 се наоѓаат на Инфективна, од кои едно лице е со потешка клиничка слика.

Станува збор за деветто лице кое му подлегна на вирусот на западнонилска треска во државава.

Последни објави