Живеачката сѐ поскапа – минималната кошничка во септември скокна над 69.000 денари

Објавено:

Минималната синдикална кошничка за септември изнесува 69. 432 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Споредено со минатиот месец, кога изнесуваше 68. 675 денари, вредноста на синдикалната кошничка за септември е повисока за 757 денари.

Според пресметките на ССМ, на едно четиричлено семејство во септември 2026 година му се потребни 25.259 денари за храна и пијалаци, што е 36,4 проценти од целата синдикална минимална кошничка. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец, кошничката за септември е 84. 807 денари.

„Во септември 2025 година синдикалната минимална кошница изнесуваше 65. 077 денари. За само една година, потребниот минимален месечен буџет е зголемен за 4.355 денари“, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Синдикалната минимална кошница е статистички и економски модел кој ги пресметува минималните месечни трошоци потребни за задоволување на основните животни потреби на едно четиричлено домаќинство (двајца возрасни и две деца). Овој параметар редовно го изработува и објавува Сојузот на синдикатите на Македонија со цел да се прикаже сликата за трошоците на живот и куповната моќ на работниците.

Последни објави