Најмалку девет луѓе се повредени при тешка сообраќајна несреќа на четири возила. Несреќата се случила утрово на патот Прилеп-Битола во близина на мостот на Шемница. Од Клиничка болница во Битола велат дека на деветмината повредени им е пружена лекарска помош. Еден од повредените е во потешка здравствена состојба и веднаш е однесен во операциона сала.
„Од вкупно девет повредени, шест лица се во Одделението за хирургија, додека тројца по укажаната лекарска помош се пратени на домашно лекување“, велат од Клиничка болница Битола за порталот сакам да кажам.мк
Меѓу повредените има и државјанин на Србија.
Обвинителството соопшти дека обвинител од Битола изврши увид и дал повеќе наредби и насоки за целосно испитување на причините за несреќата.
АМСМ информираше дека од 9 часот утринава во целосен прекин бил сообраќајот на магистралниот пат А3.
Според полициската статистика, во изминатиот месец поради тешки сообраќајни прекршоци кои директно ја загрозуваат безбедноста, лишени од слобода биле вкупно 496 лица. Од нив, за управување без дозвола – 373 лица, возење под дејство на алкохол 81 лице, возење под забрана 25 лица со претходно изречена мерка за забрана за управување, екстремно чекорење на брзината 13 лица (надвор од населено место) и 3 лица во населено место, возење во спротивен/забранет правец едно лице.



