Денеска се навршуваат 25 години од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила.
На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.
На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.
На комеморацијата присуствуваа претставници на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводени од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Почит кон загинатите оддаде и владина делегација составена од министрите Александар Николоски, Весна Јаневска и Борче Серафимовски, како и претставници на здруженија на бранители, воени ветерани и воени инвалиди, борци и пензионери од Општина Ѓорче Петров.
На настанот присуствуваа и претставници на политички партии, членови на семејствата на загинатите бранители, роднини и пријатели.
Во текот на денот ќе бидат одржани и други активности во чест на загинатите. Во 10 часот е предвидено положување венци кај споменикот на загинатите бранители во Љубанци, а во 12 часот кај спомен-плочата во касарната „Илинден“.



