Во наредни 18 месеци ќе се проверува кој и зошто добил милиони евра државна помош за проекти за животна средина, најави Комисијата за заштита од конкуренција. Според заклучокот на комисијата постојат сериозни сомневања дека во 2025 година е незаконски доделена државна помош, односно без одобрение од Комисијата како што е пропишано во законот.
Во тој период со министерството раководеше Изет Меџити, кој сега е градоначалник на Чаир и еден од лидерите на коалицискиот партнер Вреди (Влен). Ова соопштение е објавено во пресрет на најавената владина реконструкција.
Според заклучокот на Комисијата, Министерството за животна средина во текот на 2025 година уредно доставило Известување за планираното доделување на државна помош . Сепак, кога Комисијата побарала дополнителни информации и клучни појаснувања за да ја оцени усогласеноста на мерките, Министерството ги игнорирало барањата и не ги доставило податоците.
Поради ова, КЗК законски го сметала известувањето за повлечено и воопшто не донела решение со кое се дозволува исплатата на овие средства . Според податоците од програмата за инвестирање во животна средина за 2025 година, требало да за таа намена да се потрошат 14 милиони евра. Пресвртот настанал со анализата на новата програма за оваа, 2026 година. Од неа произлегле сериозни индиции дека проектите и активностите одобрени со спорната програма од 2025 година веќе се реализирале, односно дека парите биле распределени „на своја рака“ .
„Имајќи предвид дека за предметните мерки не било донесено решение од Комисијата за заштита на конкуренцијата, постојат сериозни сомневања дека евентуално е доделена државна помош спротивно на член 13 од Законот за контрола на државната помош“, се наведува во официјалното резиме на КЗК .
Комисијата бара помош и од свиркачи во нивната истрага, посочувајќи дека Комисијата ќе го заштити идентитетот ако тоа е потребно.


