Европскиот Парламент денеска ќе расправа за погребот на Младиќ со државни почести и глорификацијата на злосторствата

Објавено:

Погребот на воениот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, осуден за геноцид и за други воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина, како и величењето на воените злосторства во Србија, се тема на денешната сесија на Европскиот Парламент.

Дебатата е насловена „Погреб за Ратко Младиќ и глорификација на воените злосторства во Србија“, а како што е објавено во агендата на седницата, по расправата се очекува и усвојување резолуција.

Ратко Младиќ беше погребан со државни и воени почести на 7 септември на Топчидерските гробишта во Белград.

Највисоките претставници на ЕУ, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, минатата недела го осудија величењето на Ратко Младиќ и неговиот погреб во Белград. Во меѓувреме, еврокомесарката за проширување Марта Кос поради тоа ја откажа посетата на Белград и соопшти дека, по погребот на Младиќ со државни почести, претставниците на ЕУ треба да разјаснат едно многу важно прашање- дали Србија и натаму е погодна да биде кандидат за членство.

Последни објави