Македонијо, дали си подготвена: Спектакл на Дејвид Гета во Скопје за 35 години независност

Објавено:

Светската музичка мега ѕвезда настапи во Скопје по повод одбележувањето на 35-годинишнината од независност на Македонија, приредувајќи спектакуларно шоу пред околу 50.000 луѓе на Националната арена „Тоше Проески“.
На спектаклот, кој беше уникатен перформанс насловен „The Monolith Stadium Show“, публиката уживаше во најголемите хитови на еден од најпознатите светски диџеи, а атмосферата кулминираше уште во првите секунди.
Покрај хитовите на Гета, за уникатноста на шоуто придонесе и моќната сценска продукција, светлосните ефекти, пиротехниката и впечатливите визуелни елементи.
Овој настан е најголемиот музички настан во регионот оваа година.

Последни објави