Авион на НАТО собори дрон во Литванија

Објавено:

Борбен авион на НАТО во текот на ноќта соборил беспилотно летало во Литванија, соопшти литванскиот Национален центар за управување со кризи. Дронот, кој најверојатно влегол од територијата на Белорусија, бил соборен во близина на Каунас, вториот по големина град во земјата, соопшти портпаролот на центарот. Тој истакна дека допрва треба да се утврди кој бил сопственик на беспилотното летало.

Нешто претходно било издадено предупредување поради појава на дрон и во главниот град Вилнус и во околниот регион.

Борбени авиони од мисијата на НАТО за воздушна одбрана на Балтикот патролираат на небото над Летонија, Литванија и Естонија откако балтичките земји се приклучија на Алијансата во 2004 година.

Авионите од мисијата во мај соборија залутани украински беспилотни летала над Естонија, а во јуни и август и над Летонија.

Воените беспилотни летала кои залутале во воздушниот простор на соседите на Русија предизвикаа загриженост дека руската војна во Украина се прелева преку границите на НАТО.

Последни објави