Поради екстремните летни жештини и суши, Франција оваа година очекува пад на производството на вино на 34,9 милиони хектолитри, што би било најниско ниво во овој век, соопшти француското Министерство за земјоделство.
Производството ќе биде за два насто помало отколку минатата година, кога исто така беше слабо, како и за 14 проценти под просекот за периодот од 2021 до 2025 година.
Министерството наведе дека падот на производството произлегува од намалувањето на површината под лозови насади, како и од пониските приноси поради екстремните временски услови.
Француското земјоделство ова лето силно го погодија рекордни топлотни бранови и недостиг од врнежи, поради што владата минатиот месец најави пакет итна помош за земјоделците вреден повеќе од милијарда евра.
Националниот институт за статистика и економски истражувања проценува дека вкупното земјоделско производство на Франција во 2026 година ќе падне за околу четири насто.
Институтот прогнозира дека последиците од летните топлотни бранови ќе го намалат растот на францускиот БДП за околу 0,1 процентен поен во 2026 година.


