Американскиот претседател Доналд Трамп ја уверува јавноста дека скокот на цените на нафтата е само привремен.
Во рамките на предизборната турнеја за изборите за Конгресот, тој најавува брз крај на војната со Иран, американска победа и рекорден пад на цените на горивата.
Како најголем проблем во постигнувањето мир, Трамп го истакнува непостоењето легитимни соговорници во Техеран кои би ги завршиле преговорите.
„Нивната економија е во распад. Имаат инфлација каква што нема ниту една друга земја во светот. Не им оди добро“, истакна Трамп.
Тој вели дека благодарение на припадниците на американските вооружени сили, десетици ирански терористички лидери се збришани од лицето на земјата и испратени директно пред портите на пеколот.
„Мојот најголем проблем е што никој не знае кој, по ѓаволите, ја води таа земја. Никој не знае. Но, можеби и тоа е добро“, рече Доналд Трамп на еден од предизборните настани.


