Светска банка: Македонија мора да го промени моделот на економски раст

Објавено:

Северна Македонија постигна значителен економски напредок по независноста, но во последните 17 години остана на нивото на земја со повисок среден доход и побавно се приближува до доходовните нивоа на Европската Унија во споредба со дел од земјите во регионот, оценува Светска банка во новиот Извештај за растот и работните места.

Според анализата, сегашниот модел на раст ги достигнува своите граници. Економијата во голема мера се потпира на приватната потрошувачка и странските директни инвестиции со ниска додадена вредност и висок увозен интензитет, додека извозот е концентриран на мал број пазари и производи.

Светска банка идентификува три главни структурни слабости: ниска продуктивност и недоволно инвестиции, нарушени пазари и слаба конкуренција, како и недоволно искористен, сè помал и поскап човечки капитал.

„Доколку не се преземат реформи, просечниот годишен раст на БДП би можел да забави на 2,4 проценти до 2050 година. Во такво сценарио, Северна Македонија би достигнала само околу 55 проценти од просечниот доход во ЕУ, што би значело дека јазот со 2050 година, да ги подобрат платите и условите за работа и да придонесат за повисок животен стандардска банка издвојува поголемо учество на жените на пазарот на трудот, подобар премин на младите од Унијата ќе остане значителен“, се вели во извештајот.

Од друга страна, Светска банка оценува дека сеопфатен реформски пакет може да го зголеми просечниот годишен раст на 3,8 проценти до 2050 година.

Таквите реформи, според извештајот, би можеле да создадат до 250.000 повеќе и подобро платени работни места до 2050 година, да ги подобрат платите и условите за работа и да придонесат за повисок животен стандард.

Три приоритети за забрзување на растот

Светска банка предлага реформите да се концентрираат во три меѓусебно поврзани области.

Првиот приоритет е зајакнување на економското управување и конкуренцијата преку поефикасна јавна потрошувачка, еднакви услови за компаниите, подобро управување со државните претпријатија, како и подобрување на трговската политика и логистичката инфраструктура.

Вториот е забрзување на технолошката интеграција, иновациите и енергетската ефикасност, со цел компаниите да станат попродуктивни и поконкурентни.

Третиот приоритет е развојот на човечкиот капитал и поголемо активирање на работниците. Тука Светска банка издвојува поголемо учество на жените на пазарот на трудот, подобар премин на младите од образование кон работа, доживотно учење и намалување на бариерите за вработување.

Особен потенцијал се гледа во ИКТ и професионалните услуги. Според извештајот, приходите од ИТ генерираат речиси двојно повеќе работни места од еквивалентните приходи во другите индустрии. Дигиталните услуги и програмирањето може да ѝ помогнат на земјата да се придвижи кон активности со поголема додадена вредност, но тоа ќе бара нови вештини кај работниците, особено во услови на брзиот посочи дека земјата во изминатите две децении направила значајна структурна трансформација – од примарно земјоделско производство кон услуги, производство со повисока додадена вредност, Иалувањето на сиромаштијата и невработеноста, но дека економската конвергенција со со секоја година. Намалувањето на конкурентноста во клучните извозни сектори напредува. Моделот на раст што ја доведе земјата до повисок развој на вештачката интелигенција.

Како неискористен потенцијал за формално вработување, особено за жените, Светска банка ја издвојува и економијата на грижа.

„Прозорецот на можности“ се стеснува

Сениор економистката во Светска банка, Сања Маџаревиќ Шуистер, посочи дека земјата во изминатите две децении направила значајна структурна трансформација – од примарно земјоделско производство кон услуги, производство со повисока додадена вредност, ИКТ и професионални услуги.

Таа оцени дека Македонија постигнала напредок и во намалувањето на сиромаштијата и невработеноста, но дека економската конвергенција со ЕУ се одвива побавно од кај други земји во регионот.

Како ризици за идниот раст ги посочи енергетиката, ограничениот фискален простор, демографијата и бизнис-климата.

„Прозорецот на можности се стеснува. Демографските притисоци се засилуваат со секоја година. Намалувањето на конкурентноста во клучните извозни сектори напредува. Моделот на раст што ја доведе земјата до повисок среден доход го губи замавот“, наведува Светска банка.

Од институцијата оценуваат дека процесот на пристапување кон ЕУ е можност за забрзување на реформите, но не и нивна замена. За промена на економскиот моделкономскиот пат на Северна Македонија од независноста досега претставува успешна приказна. Прашањето сега е како да се надгради таа основа“, изјави Карол Мегеванд, директорка на Групацијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија, како што се посочува, потребни се политичка посветеност и институционален капацитет за спроведување на реформите.

„Економскиот пат на Северна Македонија од независноста досега претставува успешна приказна. Прашањето сега е како да се надгради таа основа“, изјави Карол Мегеванд, директорка на Групацијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија.

Според Светска банка, младото население, стратешката географска положба и интеграцијата со европските пазари се предности врз кои земјата може да изгради подинамичен, поотпорен и поинклузивен модел на економски раст.