Иран контра Трамп: Не планираме нови преговори со САД

Објавено:

Иранската делегација во Њујорк нема планови за нови преговори со САД, објави Иранската новинска агенција (ИРНА).

Соопштението уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека очекува набргу да бидат обновени преговорите со Иран.

„Тие сакаат да постигнат договор, но тоа не е договорот што јас сакам да го направам. Ова е нешто за што можевме да се согласиме пред една година“, рече Трамп.

Американскиот претседател пред два дена го одби предлогот на Иран за седумдневен прекин на огнот, истакнувајќи дека Техеран „сака итен договор за отворање на Ормускиот Теснец бидејќи губи на сите полиња“.