Александар Вучиќ, кој синоќа поднесе оставка на функцијата Претседател на Србија, денеска ѝ ја предаде должноста на претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ.
Таа ќе ја врши функцијата вршител на должноста претседател на Србија до крајот на декември, кога се очекуваат избори за нов шеф на државата.
„Никогаш претходно сме немале таков претседател и никогаш Србија нема да има претседател кој толку се бореше и кој беше толку пожртвуван и навистина сè оставаше на страна за доброто на Србија“, рече Брнабиќ по примопредавањето на должноста.
Таа додаде дека Вучиќ од денеска тргнува во „одлучна, нова борба за заштита и зачувување на Србија“.
Во согласност со Уставот, Брнабиќ на местото в.д. претседател може да остане најмногу 90 дена.


