Под мотото „Крилјата различни. Борбата лична. Поддршјата заедничка“ на Школка во Градски парк денеска се одржа „Розев пикник појадок“. Настанот го организираат ХЕМА-ОНКО и Medicus Help во рамки на Розов Октомври, со цел да се подигне свеста за ракот на дојка, важноста на редовните прегледи и раното откривање и да испрати силна порака на поддршка до жените кои живеат со оваа болест.
Во рамки на настанот настапија Женскиот хор „Фрида“ од Македонија, а беа организирани и розова прошетка, вежби за лимфедем, танцова и музичка програма, како и посебен In Memoriam момент во чест на жените кои ја загубиле битката со ракот на дојка.


