Грк половина пари пријавил, половина сокрил, Царина му заплени над 60 илјади евра

Објавено:

Над милион евра запленила македонската царинска управа на граничните премини, од вкупно 30 обиди да се пренесат непријавени пари. Станува збор за заплена од 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35 илјади австралиски долари.

Во последниот случај, македонските цариници заплениле над 60 илјади евра, на граничниот премин Табановце. Парите ги пронашле при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд.

Carinska zaplena na evra
Царинска управа запленила илјадиници евра

Грчкиот државјанин пријавил дека пренесува легално 60 илјади евра, и за нив им приложил образец издаден на влез во Република Србија.

„Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на Фронтекс извршија детален претрес при што се пронајдени вкупно 124.250 евра. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 60 илјади евра, а останатите се одземени“, се вели во соопштението на Царинската управа.