Хеликоптери се судрија во воздух додека гаснеа пожар кај Атина, се бараат членовите на екипажот

Објавено:

Два противпожарни хеликоптери се судрија додека учествуваа во гаснење шумски пожари западно од Атина во неделата, а во тек е операција за пребарување и спасување на нивните екипажи во областа Псата, соопшти грчката противпожарна служба – објави новинската агенција Ројтерс.

Грчката противпожарна служба соопшти дека сите четворица членови на екипажите се пронајдени. Двајца биле спасени без повреди, додека другите двајца биле пронајдени во бессознание. Засега не се соопштени дополнителни информации за нивната здравствена состојба.

Судирот ја откри опасноста на најкритичниот фронт од кризата со шумските пожари во Европа – пишува агенцијата Асошејтед прес (АП).

Хеликоптерите што се судрија биле од типот „Бел“ и учествувале во гаснењето на пожарите над областа Псата, западно од Атина. Во секој од нив имало по двајца членови на екипажот. Двајца од нив биле грчки државјани, а двајца странски државјани, но властите не ги соопштија нивните националности.“