Историски највисоки цени на билети за финалето на СП

Објавено:

Која е цената што можеш да ја платиш за да го видиш Лионел Меси во речиси сигурно неговиот последен настап на Светско првенство?

Тоа изгледа е големото прашање пред неделното финале на Светското првенство во 2026 година на стадионот „МетЛајф“, каде што 39-годишната фудбалска легенда ќе се надева дека ќе ја предводи Аргентина до втора последователна светска титула во дуелот против Шпанија.

На овој натпревар Меси би можел да ја освои и својата прва „Златна копачка“, а сосем веројатно и „Златната топка“. Тоа е комбиниран триумф кој е толку редок што е постигнат само трипати во речиси 100-годишната историја на турнирот.

Но, картите за финалето на Светското првенство во недела исто така сè уште не се целосно распродадени, при што 32 од најскапите билети сè уште се во редовна продажба.

Но овие 32 билета чинат помеѓу 29.995 долари (22.796 фунти) и 32.970 долари (25.057 фунти). Патем, овие се стандардни билети, а не ВИП.

Повеќе од илјада билети сè уште се достапни на страницата за препродажба на ФИФА, неколку од нив по номинална вредност плус таксата на ФИФА. Оригиналната цена на овие билети беше 7.380 долари (5.609 фунти), што значи дека ако одлучите да купите еден од нив, ФИФА ќе додаде дополнителни 1.107 долари (841 фунта).

Најскапиот билет за финалето на пазарот за препродажба е наведен со цена од 2 милиони долари (1,52 милиони фунти), плус такса за ФИФА од 300.000 долари (228.000 фунти). Цените при препродажба се одредени од самите корисници и не го одразуваат директно она што луѓето реално го плаќаат, пишува Би-Би-Си. Со оваа тема се занимаваат сите поголеми светски медиум.

За споредба, цената за влез во Супербоул помеѓу Сиетл Сихокс и Њу Ингланд Патриотс овој февруари започна со околу 4.500 долари три дена пред натпреварот. Третиот натпревар од финалето на НБА во 2026 година помеѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс во јуни започна со околу 7.000 долари, анализира „Америка Денес“ (USA Today).

ФИФА, особено претседателот Џани Инфантино, беа критикувани поради новиот модел на „динамично образување на цента “ за продажбата на билети за Светското првенство во 2026 година, при што билетите достигнаа врвови што никогаш порано не беа видени на најголемиот фудбалски настан.

Кога ФИФА ја започна својата четврта фаза за продажба на билети за Светското првенство во април, билетите за категорија 1 се отворија по цена од 10.990 долари, над 70% повеќе од првичната цена од 6.370 долари во октомври кога првпат започна продажбата. Седиштата во категориите 2 и 3 се отворија по цена од 7.380 и 5.785 долари, соодветно, што е зголемување од 4.210 и 2.790 долари во октомври.

Овие априлски цени веќе беа четири до шест пати поголеми од просечната цена на билет за финалето на Светското првенство во 2022 година во Катар, а цените продолжија да растат само во месеците и деновите пред натпреварот за титулата.

Пред почетокот на Светското првенство минатиот месец, се очекуваше дека стадионите ќе бидат донекаде празни, со оглед на тоа што моделот на ФИФА далеку ги надмина цените на просечниот навивач. Според тоа, она што беше најизненадувачко ова лето – и можеби малку загрижувачко – е тоа што луѓето се подготвени да платат која било цена за да го видат својот тим како игра. Повеќето натпревари се распродадени во 16-те градови домаќини, а се очекува и финалето на Светското првенство да биде распродадено.