На 12 јуни 2026 година, компанијата Спејс Икс (SpaceX), предводена од Елон Маск, ја реализираше најголемата иницијална јавна понуда (IPO) во историјата на финансиските пазари. Со продажба на 555,6 милиони акции по цена од 135 долари, компанијата собра 75 милијарди долари свеж капитал, достигнувајќи пазарна капитализација од околу 1,77 билиони долари.
Интересот за акциите на „Спејс екс“ значително ја надмина понудата. Според информациите на „Блумберг“, инвеститорите побарале над четири пати поголем број акции од достапниот. Особено активни биле малите инвеститори, кои поднеле налози вредни над 100 милијарди долари, иако за нив биле резервирани само 20 проценти од понудените акции. Дополнително, банките што го организираа настанот имаат можност да купат уште 83,3 милиони акции преку опцијата за прекумерна алокација. Доколку таа биде целосно искористена, вредноста на трансакцијата би можела да достигне околу 86 милијарди долари.
Со излегувањето на компанијата „SpaceX“ на светската берзата „Nasdaq“, Елон Маск стана првиот човек во историјата чие нето богатство ја надмина границата од 1,1 трилион долари, односно првиот кој поседува илјада милијарди долари. Ова е историски финансиски настан кој ја редефинира концентрацијата на економска моќ во светот.
Минатата година акционерите на „Тесла“ одобрија план за компензација од еден билион долари за извршниот директор Елон Маск, со што најбогатиот човек во светот ја добива најголемата корпоративна исплата во историјата ако ги исполни целите потребни за да ја добие.
„Ви благодарам, момци“, рече Маск, откако кратко танцуваше на сцената покрај роботот „Оптимус“ на компанијата.
Маск стана познато име преку Тесла и „Спејс икс“ пред да го прошири своето влијание со аквизицијата на платформата за социјални медиуми Твитер за 44 милијарди долари во 2022 година. Договорот му даде директен канал до стотици милиони корисници и го направи истакнат глас за прашања кои се движат од политиката и имиграцијата до владините трошоци и слободата на говорот.
Неговиот премин во политиката, особено неговата улога во Одделот за владина ефикасност на американскиот претседател Доналд Трамп минатата година, беше меѓу неговите најконтроверзни потфати. Политичките последици се совпаднаа со слабеењето на продажбата на Тесла на неколку меѓународни пазари во 2025 година, бидејќи протестите и бојкотот на потрошувачите беа насочени кон производителот на електрични возила.
Влијанието на Елон Маск веќе не е ограничено само на економијата, туку се протега на критичната глобална инфраструктура. Преку SpaceX и Starlink, тој контролира клучни комуникациски канали кои се користат во воени и хуманитарни операции ширум светот. Оваа позиција му овозможува директно влијание врз геополитичките одлуки, што го прави еден од најмоќните недржавни актери во историјата. Со оглед на неговите амбиции за колонизација на Марс и развој на напредна вештачка интелигенција, неговата улога во обликувањето на иднината на човештвото станува предмет на интензивна дебата за потребата од меѓународна регулација на ултрабогатите поединци.


