Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари ќе настапат на една сцена во рамки на караванот „Најдоброто од Македонија“ по повод 35 години од независноста на државата.
Концертот ќе се одржи на 2 септември на платото пред Т Арената (салата „Борис Трајковски), најави организаторот Авалон Продукција.
„Една вечер, различни генерации и комбинација од најдоброто од македонската музика на едно место. Отворен настан со бесплатен влез“, велат од продукцијата.
Авалон ја доби организацијата на настаните со кои се одбележуваат 35 години од независноста на Македонија. Прославата ќе финишира на 8 септември со настап на светски познатиот музичар, Дејвид Гета на градскиот стадион во Скопје.
Караванот „Најдоброто од Македонија“, во рамки на кој настапуваат македонски артисти, започна на 9 септември од Охрид.
Музички настани досега се одржаа и во Струмица, Велес, Крушево, Прилеп, Куманово и Штип.


