МВР поднесе кривична пријва за „насилство врз дете“ за лица кои пред 11 дена со нож прободеа 14-годишник

Објавено:

Министерството за внатрешни работи(МВР) поднесе кривична пријава за „насилство врз дете“ против три лица кои пред 11 дена му нанеле убоди од нож на 14 годишно момче во скопско Ченто. Родителите на детето во изјави за медиумите бараат лицата да се гонат за обид за убиство.

„СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(19), В.С.(23) и В.А.(19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено Кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик. Имено, на 22.06.2026 околу 23:50 часот на ул.„Финска“ во паркот пријавените физички нападнале 14-годишен малолетник и употребиле тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени повреди“, соопшти МВР.

Од Министерството соопштија и дека полициски службеници излегле на местото на настанот и го пронашле ножот со кој е извршено кривичното дело, по што е даден на вештачење. Пријавените биле лишени од слобода и со нив бил извршен службен разговор. See less

Од ОЈО – Скопје велат дека пријавата е доставена до Обвинителството, се очекува да се комплетира медицинската документација од клиниката ТОАРИЛУЦ за нападнатиот малолетник, по што ќе биде донесена одлука за натамошна постапка.