На локалниот пат Илинден – Марино, ноќеска на една минута по полноќ полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје, кој управувал возило со 2,13 промили алкохол во крвта и возел без дозвола.
Максимум дозволени се 0,5 промили.
- Возачот управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки. Полицијата го одзела возилото.
- МВР соопшти дека засилени сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период и апелира
- до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Во последната година, на патиштата околу Илинден, Марино и Кадино се случија повеќе сообраќајни незгоди, од кои неколку беа со смртни последици.



