Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани во која загина 19 годишен мотоциклист

Објавено:

Полицијата лишило од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера (7 август) загина 19 годишен мотоциклист од скопско, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Вчера напладне во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Возачот С.Б. се здобил со телесни повреди.

Но, според МВР, за време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените. По дополнително преземени мерки, синоќа во селото Арачиново било пронајдено возилото и возачот С.О.(46) од с.Арачиново.

Тој е спроведен во полициска станица.

Во Македонија во 2025 година во сообраќајки загинаа 132 лица. 142, пак, е бројот на жртви за 2024-та.

Од нив, според податоците на Државниот завод за статистика, возачи или патници на мотоцикли или мопеди биле 26 во 2025 односно 14 во 2024 година.