Ненадејно почина Един Авдиќ, новинар и коментатор на „Арена спорт“

Објавено:

Един Авдиќ,еден од најпознатите кошаркарски и спортски новинари на Балканот, ненадејно почина на 47 годишна возраст денеска во Белград, јавија повеќе регионални медиуми.

„Радио Сараево“ пренесе дека Авдиќ починал во својот стан во Белград како последица од ненадејни срцеви проблеми.

Авдиќ беше најпознат по емитување кошаркарски натпревари и деталното познавање на НБА и европската кошарка. Дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Сараево, а пред кариерата како новинар, активно се занимавал со кошарка во младинските селекции на КК Босна.

Kариератa ја почнал во Федералната телевизија, потоа работeше во OBN, каде стекна популарност како коментатор на НБА лигата, по што беше едно од заштитните лица на телевизијата Арена Спорт. Познат е по својот енергичен стил на коментирање, експертските анализи и кошаркарските колумни.

Един Авдиќ беше роден во Сараево во 1979 година.