На 60-годишна возраст, утрово ненадејно почина Арсим Зеколи, политички аналитичар и поранешен амбасадор на земјава во ОБСЕ во Виена.
Вестa ја објави неговиот брат Шефќет Зеколи на социјалните мрежи.
„Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, неочекувано почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026)“, се вели во неговата објава.
Погребната церемонија ќе се одржи денеска во 18:00 часот на гробиштата во селото Блаце.
Зеколи е историчар на уметност, поранешен новинар, активист и преведувач, а јавноста беше препознатлив како политички аналитичар, дипломат и остар критичар на политичките процеси, чии ставови често предизвикуваа внимание и дебата во јавниот простор.


