Заклучно до 8 август, во земјата се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, од кои 54 се потврдени, а четири се водат како веројатни. Починати досега се осум лица, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ).
Во текот на изминатата недела (од 2 до 8 септември) пријавени се два нови случаи, од Скопје и од Свети Николе. Во истиот период починале две лица.
Сите починати се од Скопје и се мажи. Просечната возраст на починатите е 71,9 година, сите биле хоспитализирани.
Од вкупно заболените 58 лица, повеќето се мажи 46, а 12 се жени.
Регистрирани се 57 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.
Во однос на возрасната дистрибуција, повеќето се на возраст над 60 години (81 отсто), седуммина се на возраст од 50 до 59, едно лице од 30 до 39, а три лица на возраст од 20 до 29 години. Просечната возраст изнесува 66,1 години.
Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените е регистиран во август. Кај 17 случаи почетокот на симптомите е во јули, два во јуни, а кај еден случај во мај.
Испишани се 43 или 76,8 % од хоспитализираните потврдени случаи;
Сè уште на лекување во болница се пет лица.
Западнонилската треска првпат во Македонија беше регистрирана во 2011 година. Во периодот од 2011 година до крајот на 2025 година регистрирани се вкупно 54 лабораториски потврдени случаи. За истиот период регистрирани се пет смртни случаи асоцирани со оваа болест.
Во 2026 година е регистрирано значително зголемување во однос на претходните години, како на заболени така и на починати.


