Во пукање во средно училиште во близина на Бангкок, Тајланд, загинаа најмалку шест лица, а 15 се повредени, соопшти полицијата тајландската полицијата.
Според првичните информации, сомнежите се зад пукањето стои 14-годишен ученик од истото училиште што се наоѓа во покраината Нонтабури, северозападно од главниот град, јавува Би-би-си.
На терен веќе се наоѓаат службите за итни случаи, додека учениците и наставниците панично бегаа од училиштето.
Властите ги замолија граѓаните да се држат подалеку од училиштето.
Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул упати сочувство на семејствата на жртвите.
„Ова е многу лошо и не требаше да се случи. Жал ми е не само за жртвите, туку и што воопшто се случи“, рече тој.
Анутин додаде дека „токму затоа владата не им дозволува на граѓаните да носат оружје“.
Полицијата и локалните медиуми наведуваат дека вооружениот напаѓач е мртов, но не е јасно дали извршил самоубиство или бил застрелан од полицајците.
Училиштето во коешто се случи пукањето важи за едно од најпрестижните во Тајланд и е основано кон крајот на 19 век, а денес има филијали низ целата земја.



