САД ги проширија нападите кон Иран, Техеран возврати со ракети кон Катар, Бахреин и Кувајт

Објавено:

Во текот на изминатата ноќ, САД ги проширија своите воздушни напади врз Иран, што е шеста последователна ноќ. Погодени се постови во јужната покраина Хормозган и соборена е кула во пристаништето Чабахар.

Од друга страна, Иран возврати со ракетни нападни кон три земји – Катар, Бахреин и Кувајт.

Според информациите што ги објавија иранските државни медиуми, има и жртви. Во градот Бандер Хамир во рамки на американските напади биле убиени најмалку седум лица и биле погодени патни железнички мостови кои се клучни сообраќајни поврзувања со главното иранско пристаниште Бандар Абас што се наоѓа во внатрешноста на земјата.

Централната команда на САД соопшти дека извршила напади врз десетици цели преку ноќ.

Кулата во Чабахар која се наоѓа во Оманскиот Залив, а која беше урната, е клучна трговска точка за Авганистан.

Од нејзиното уништување американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави и видео.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воената кампања против Иран напредува успешно и повтори дека Вашингтон ќе продолжи да врши притисок врз Техеран да ја укине блокадата на Ормутскиот теснец, низ кој, пред да почне војната, минуваше околу една петтина од светската трговија со нафта и гас.

Кога се во прашање иранските контранапади во земјите од Блискиот Исток, катарските власти објавија дека едно дете е повредено од шрапнели од соборените ракети. Јордан соопшти дека успеал да пресретне три ирански ракети.