Што е познато за сообраќајката во која загинаа четири лица?

Објавено:

Возачот на камионот што учествуваше во сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје ќе се гони за кривичното делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Камионот се судри со автомобил кој од ударот се запалил, а на самото место загинаа четири лица што се превезувале во него.

Камионот со косовски регистрации бил марка МАН со прикачена полуприколка, а возачот на камионот е 76-годишен маж, исто така, од Косово. За него, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отвори истрага и побара притвор поради опасноста од бегство и можност да го повтори делото.

Обвинителството смета дека возачот на камионот не се придржувал кон прописите – во близина на клучната Мирковци на обиколницата, возел прво и поради тоа не можел навреме да го запре возилото.

Тој ја пробил оградата меѓу автопатот и завршил во спротивната насока каде се удрил со возило.

„Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел во лево, па удрил и ја пробил металната одбојна ограда и продолжил со движење, преминувајќи на коловозот од автопатот наменет за движење на возилата од спротивната насока, каде во него со предната страна удрил автомобил БМВ кој се движел во насока од исток кон запад“, велат од ОЈО Скопје.

И камионот и автомобилот се запалиле. Жртвите во автомобилот загинаа на самото место.

Како што е веќе познато, првенецот на Националната опера и балет, баритонот Ристе Велков и неговиот 20-годишен син, Адам се меѓу четворицата загинати.

Останатите две жртви се 20-годишни момиња – Марко Ѓорѓиевски и Петар Миланов, другари на Адам.