Во јужниот дел на Тиренското Море, недалеку од брегот на Сицилија, се регистрирани серија земјотреси, од кои најсилниот бил со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала, објавија италијанските медиуми.
По неколкуте потреси е издадено портокалово ниво на предупредување за цунами, додека училиштата и канцелариите во Палермо се евакуирани.
Според податоците на Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија, најсилните земјотреси со магнитуда од 5,5, 3,6, 4 и 4,3, се регистрирани во рок од неколку минути, пренесоа новинските агенции
Вкупно 25 сеизмички активности се регистрирани во областа, почнувајќи од 11 часот наутро, пренесува АДН Кронос.


