Син го убил таткото кој пијан ја нападнал сопругата

Објавено:

Скопјанец (31) го убил својот татко откако тој пијан ја нападнал неговата сопруга.

Семејната драма се случувала синоќа на територијата на полициската станица Бит Базар. Според она што било пријавено во полиција, 52-годишен маж, синоќа (12 јули) околу 22:30 часот во семејниот дом пијан физички ја нападнал неговата 54-годишна сопруга и мајка на нивниот син.

Синот реагирал и со нож му нанел убодни рани на својот татко.

Како што информираат од МВР, мајката е пренесена во болница, а телото на таткото е предадено на обдукција.

Синот кој го пробол таткото е приведен во полициска станица.