Сообраќајна несреќа кај Плетвар, еден човек загина

Објавено:

Еден човек загина при сообраќајна несреќа на превојот Плетвар. Полицискиот увид е во тек, а сообраќајот е во целосен прекин, велат од Министерството за внатрешни работи. Станува збор за превртен камион со битолски регистарски ознаки.

Несреќата се случила околу 17 часот. Сообраќајот е во прекин, а конвој со возила е заглавен речиси два часа. Возачи велат дека колоната од возила што чекаат е долга околу 20 километри.

https://www.facebook.com/share/r/1BmTyZYH8D/

Прекинот, како што информира ЈП „Македонијапат“, е поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, што го оневозможува одвивањето на сообраќајот.