Сопругата на поранешниот американски претседател Џо Бајден, Џил, отворено проговори јавно за состојбата на нејзиниот сопруг кому му беше дијагностициран рак и за тоа како се справуваат со тоа.
Во гостување во „Шоуто на Џејми Керн Лима“, 75-годишната поранешна прва дама на САД посочи дека на простата на експретседателот се проширил на неговите коски.
Таа рече дека тој останал „силен“ и „отпорен“ откако му била поставена дијагнозата. Како што посочи, Џо не разговарам со неа за своите стравови, а таа не ни очекувала од него да го стори тоа.
„Тој отсекогаш беше столб на нашето семејство“, вели Џил Бајден.
Сепак, вели, во оваа ситуација и покрај тешката состојба со неговото здравје, таа и нејзиниот сопруг не се фокусираат на тешкотиите туку одлучиле да го ценат времето што им е преостанато.
„Не можеме да гледаме на животот на тој начин. Нашиот пристап е: Џо има рак, ќе умре, па ајде да го искористиме секој момент максимално. Да бидеме заедно, да најдеме работи што нè прават среќни. Да го направиме ова позитивно патување – мислам, а не негативно, бидејќи како е можно да се живее со тоа секој ден? Не можеш. Премногу е тешко“, рече Џил.
Џо Бајден беше потпретседател на САД во двата мандати на Барак Обама во периодот од 2009 до 2017 година.
На изборите 2020 го победи Доналд Трамп во претседателската трка и стана 46. претседател на САД во мандат од јануари 2021 до јануари 2025 година.


