Трамп пак е бесен на Иран: Ќе ги претепаме

Објавено:

По последните ирански напади на американските сили на Блискиот Исток, претседателот на САД, Доналд Трамп, излезе со остра реакција и закана.

„Ќе ги претепаме… Ќе ги удриме силно, ќе добијат добар ќотек“, изјави Трамп за „Фокус Њуз“.

Ова не е првпат тој да реагира со закани кон Иран во текот на повеќемесечниот конфликт со Иран, иако тие не секогаш беа проследени со воени акции.

Последната изјава на Трамп следува откако централната команда на САД (CENTCOM) вчера соопшти дека Иран лансирал неколку балистички ракети насочени кон американските сили на Блискиот Исток. Војската не прецизираше кои бази биле мета.

Сите ракети, според тврдењето на командата, биле успешно пресретнати.

Иранските државни медиуми, пак, објавија дека цел на нападот била американската база во Јордан каде вооружените сили соопштија дека пресретнале пет ирански ракети.