Трамп со Путин договори испорака на дизел за ги намали цените пред изборите

Објавено:

Во обид да ги намали цените на горивата пред изборите за Конгресот на САД, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека се договорил со рускиот претседател Владимир Путин да се испорачаат повеќе од 300.000 тони дизел на светскиот пазар, по кои би следувале и дополнителни испораки.

Преку социјалните мрежи Трамп соопшти дека Русија веднаш ќе испорача повеќе од 300.000 тони дизел, по што ќе следат уште 500.000 тони во ноември и милион тони „веднаш потоа“, а дополнителни три милиони тони се очекува да пристигнат „наскоро“.

Ваквата зделка тој ја соопшти по телефонскиот разговор што го имаше со Путин.

Договорот го осуди украинскиот претседател Володимир Зеленски нарекувајќи го „подарок за Путин“. Според него, ова само ќе оди во полза на продолжување на војната наместо да ѝ се стави крај.

Кон договорот за испорака на гас од Русија на САД се гледа како кон промена на политиките на Вашингтон кон Москва, кој заедно со своите сојузници изминативе години воведе низа санкции поради руската инвазија на Украина.

Токму минатиот месец, Трамп потпиша закон со кој се воведуваат дополнителни санкции врз руските функционери, банки и танкери што се користат за заобиколување на санкциите, како и забрана за нови американски инвестиции во Русија.

Предлог-законот, исто така, наметнува царини до 100 проценти за стоки од земји што увезуваат руска нафта или природен гас, со одредени исклучоци.

Но, во објавата за договорот што го направил со Путин, Трамп воопшто не се осврнува на санкциите туку порачува дека главен приоритет се „пониските цени за Американците, особено нашите земјоделци, сточари и камионџии“, се негов главен приоритет.

Кратко по неговата објава, американското Министерство за финансии соопшти дека издава привремена дозвола со која се овозможува испорака на руски дизел на светскиот пазар.

САД не увезуваа руска нафта и гас од 2022 година, кога администрацијата на тогашниот претседател Џозеф Бајден воведе санкции поради руската инвазија на Украина.

Цената на дизелот во САД се зголеми поради нарушувањата на енергетскиот пазар предизвикани од војната во Иран во која се вклучи администрацијата на Трамп. Просечната цена на галон дизел во петокот беше 6,23 долари, откако на 22 септември достигна рекордни 6,52 долари.