Српската напредна странка (СНС), чиј носител на листата за претстојните парламентарни избори на 25 октомври е Александар Вучиќ, кој до неодамна беше претседател на Србија, вчера одржа митинг во Крагуевац. А, на митингот, синот на Вучиќ, Данило дојде во придружба на неколку возила со вклучени ротациони светка, јавува телевизијата Н1.
Во близина на салата „Језеро“ каде СНС го држеше митингот, свои штанд имаа и студентите, но не биле забележани инциденти помеѓу ривалите. Присутни биле и одреден број униформирани и полицајци во цивилка.
Она што го истакнува телевизијата Н1 е начинот на кој Данило Вучиќ се појавил на митингот имајќи ги предвид досегашните ставови на Александар Вучиќ. Во 2019 година, тој остро ги критикуваше функционерите на партијата што користеа ротациони светла за да пристигнат на седница на Главниот одбор на СНС.
Вучиќ тогаш рече дека одејќи на седницата видел „ни самиот не знае колку автомобили“ на партиски функционери со ротациони светла. Тој порача дека само тој и уште двајца луѓе во земјата имаат право да користат ротациони светла на возилата, а не 30 лица.
„Секој човек ’пцуе мајка‘ кога ќе го види тоа. Сирени што трубат, еден автомобил, трет, петти, по полна линија … Јас немав ротациони светла затоа што се грижам дека луѓето ќе кажат ’колку овие се арогантни‘“, изјави Вучиќ во 2019.


