Три ер трактори ќе го гаснат пожарот кај Сопиште

Објавено:

Три ер трактори ќе полетаат кон пожарот што избувна на територијата на општина Сопиште, зад планината Водно, кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов.

На пожарот интервенираат пожарникари од територијалната противпожарна бригада на Скопје (БППЗ), а се упатени и четири „пинцгауери“ (теренски возила) на ДЗС.

Попладнево пожар избувна и во скопско Влоково, каде гореше ниска вегетација. Овој пожар постепено се става под контрола.

Анеглов информира дека исто така е изгаснат и поголем пожар што изби во близина на Јажинце, благодарение на брзата интервенција на тетовските пожарникари, локалното население и полицијата.

Македонија во 2025 година претрпела штета од околу 50,1 милион евра од шумските пожари, покажуваат податоците од Извештајот за работењето на ЈП „Национални шуми“ за ланската година. Според документот, во текот на годината биле евидентирани 178 шумски пожари, при што биле опожарени 17.631,71 хектари шума и шумско земјиште и изгореле 282.931 кубни метри дрвна маса.