Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен (34) се струполи на теренот на средина од второто полувреме од пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина.
И пред пет години Ериксен доживеа срцев удар за време на натпреварот на Европското првенство, по што беше реанимиран и пренесен во болница. Потоа, УЕФА му оддаде почит пред почетокот на натпреварот на Данска против Белгија на стадионот Паркен во Копенхаген во 2021 година, откривајќи огромен дрес со неговото име на теренот.
На фудбалот му се врати во март 2022 година.
Сега, колабираше во 65 минута од натпреварот, по кој беше прекинат и не се доигра.
Докторот на данската репрезентација Мортен Боесен, за ТВ2 изјави дека најверојатно пејсмејкерот го предизвикал шокот додека Ериксен играл.
„Мислам дека го видов како се држи за градите и можеби дури и вика: „Ау“. А потоа се сруши. Тогаш отидов до него. Сега неговиот пејсмејкер се анализира бидејќи може да покаже која е основната причина. Тој се освести доста брзо. Мислам дека уредот го направи она за што беше дизајниран – го врати во живот“, изјави Боесен.
Слична судбина имаше и Холанѓанецот Дејли Блинд кој по иста таква операција за вградување на уред кој го контролира пулсот, продолжи со својата фудбалска кариера.


