Промени на патарините: МКард повеќе нема да се користи на МТАГ лентите

Објавено:

Од 15 јуни стартуваат измените за наплата на патарини, со што лентите означени за МТАГ ќе бидат наменети исклучиво за корисниците на електорнски тагови. 

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) денеска (7 јуни) информираше дека со новите измени ќе се укине вршењето на наплата со МКард на овие ленти се укинува.

Корисниците кои користат МКард пак, ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: електронска наплата (МТАГ/ МКард) и готовинско плаќање.

Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, додека црвен икс (X) – означува затворена лента

Непочитувањето на означувањето и намената на лентите, посочуваат од ЈПДП, може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.