Украина лансираше стотици дронови кон цели низ цела Русија, вклучувајќи десетици над регионот на Санкт Петербург, на последниот ден од најважниот инвестициски форум во Русија.
Властите во Санкт Петербург накратко им наредија на жителите да останат во затворен простор и го суспендираа јавниот превоз за време на нападот во саботата, 6 јуни.
Министерството за одбрана објави дека голем број дронови биле соборени или пресретнати.
Денешниот напад следува по нападот со украински дрон во кој беше запален нафтен терминал во градот и погодена е блиската поморска база во среда, неколку часа пред отворањето на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, годишниот настан на Путин за инвестиции.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја презеде одговорноста за нападот, кој беше втор од ваков вид извршен за време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, настан некогаш наречен „руски Давос“.
Најновите напади се случија еден ден откако Путин во петокот го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за средба лице в лице за четиригодишниот конфликт, велејќи дека „не гледа смисла“ во тоа, јави агенцијата АП.
Писмото од четвртокот, првата јавна порака што Зеленски ја напиша директно до Путин откако Русија испрати трупи во Украина во 2022 година, беше широка критика за 26 години на власт на рускиот лидер, како и потсмевање за неговата возраст.
Путин, пак, го отфрли како бесмислен предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за средба на директни разговори за прекин на војната, повикувајќи ја руската војска да „ја заврши работата“.
Во текот на неделава, десетици луѓе беа убиени и ранети во руските напади врз украинските градови, вклучувајќи ги Киев и југоисточниот град Днепар, кој долго време беше клучно место за волонтерите кои примаат илјадници бегалци од регионите Донецк и Луганск.


