(ВИДЕО) Разорни земјотреси во Венецуела: Се уриваа згради, спасувачите бројат жртви

Објавено:

Два силни земјотреси го потресоа главниот град на Венецуела, Каракас, во рок од една минута – првиот со магнитуда од 7,2, а вториот од 7,5 степени.

Се уриваа згради, а има жртви, но нивниот број сè уште е конечен.

Според в.д. претседателката на Венецуела Делси Родригез, има најмалку 32 загинати, а околу 700 повредени. Ова се првични бројки кои се очекува да се променат во текот на денот.

Спасувачките екипи се на терен и ги пребаруваат урнатините под кои се наоѓаат луѓе и бараат помош, јавува дописникот на Би-би-си.

Жителите ноќта ја поминуваат под отворено небо стравувајќи од нови афтершокови и од тоа дека дел од оштетените згради може да се срушат.

В.д. претседателката, Родригез, прогласи вонредна состојба, додека останатите лидери низ Латинска Америка понудија поддршка, исто како и американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп на социјалните мрежи напиша дека земјотресите зад себе оставиле катастрофален број смртни случаи порачувајќи дека „САД се подготвени и способни да помогнат“.

Што ги предизивка земјотресите?

Венецуела лежи во сеизмички активна зона каде што се среќаваат две тектонски плочи, Карипската и Јужноамериканската.

Според Геолошкиот завод на САД, вториот и поголем од двата земјотреси што ја потресоа земјата се случил како резултат на „плитко лизгање на раседот“ во близина на границата на овие плочи.

Станува збор за ситуација кога раседите односно пукнатините меѓу плочите, се движат хоризонтално. До земјотрес доаѓа кога ваквите движење се случува брзо.

„Иако најчесто се прикажуваат како точки на мапите, земјотресите од оваа големина посоодветно се опишуваат како лизгање над поголема област на расед“, појаснуваат од американскиот Геолошки завод.

Двата земјотреси денес „веројатно укажуваат на сложен процес на интеракција со прекин“, додаваат оттаму.

Последични потреси односно афтершокови, предупредуваат, сè уште се можни.