Силен земјотрес ја погоди во близина на северниот брег на Венецуела во среда, што доведе до уривање на згради во главниот град Каракас. Земјотресот имал магнитуда од 7,5 степени, покажуваат податоците на Американскиот геолошки завод. Ова е втор земјотрес кој настанал на само 40 секунди откако претходниот со магнитуда од 7,2 степени ја потресе областа. Засега нема податоци за евентуални жртви.
Опасни цунами бранови се можни за бреговите во радиус од 300 километри (186 милји) од епицентарот, велат од американските центри за предупредување од цунами. Земјотресот се случил 23 километри северозападно од Јумаре, јавува американскиот медиум Си-Ен-Ен. Некои од најголемите нафтени рафинерии во земјата се наоѓаат околу таа област.
Видеата геолоцирани од Си-Ен-Ен покажаа урната зграда во главниот град Каракас. Други снимки покажаа оштетени структури со исчезнати ѕидови и прашина што покрива цели населби. Преплашените жители на објавените видеа се гледа како ги евакуираат зградите со своите најблиски пред да се соберат на улицата. Земјотресот бил почувствуван и во соседна Колумбија, на стотици километри оддалеченост.


