ВИДЕО – Убиство на Пластичарска во Скопје: Напаѓачите пукале во движење со мотор и избегале

Објавено:

Во оружен напад што синоќа се случил на булеварот Никола Карев, односно на Пластичарска улица во Скопје, е убиен 26-годишен маж, објавија медиумите.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР), во изјава за македонски медиуми, појаснуваат дека настанот бил пријавен синоќа околу 23.30 часот. Според МВР, на крстосницата меѓу „Војдан Чернодрински“ и Прохор Пчињски“, А.М. (26) стоел заедно со уште четири лица кога кон нив бил отворен оган од две лица кои дошле со мотор. А.М. бил погоден и подоцна им подлегнал на повредите во Клиничкиот центар во Скопје.

Напаѓачите побегнале, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Неофицијално, според првичните сознанија и објави во повеќе медиуми, веројатно е дека убиството е пресметка меѓу криминални групи поврзани со трговија со дрога, но за тоа нема официјална потврда.

Последни објави