Во Македонија активни шест пожари на отворен простор, три под контрола и 31 изгаснати

Објавено:

До 7.30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, под контрола три и изгаснати 31 пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во општина Студеничани – над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во Македонски Брод – место викано Видуш, кај село Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), во општина Битола – село Лопатица (ниска вегетација), во општина Новаци – селата Маково, Мојно и Брник (ниска вегетација и деградирана шума), општина Крушево – на потегот од село Алданци до село Норово (нискостеблеста деградирана дабова шума) и во општина Велес – село Слп, каде што со огнот е зафатена шума.

Под контрола се три пожари – депонијата во општина Делчево, во општина Могила – селата Лознани и Вашарејца (ниска вегетација) и во општина Јегуновце – село Копанце (зафатена е шума).