Жител на Неготино бил приведен по обвиненија за физички напади врз поранешната сопруга и врз ќерката, соопшти Секторот за внатрешни работи – Велес.
- „Вчера во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода Д.Ѓ., 51-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна поранешна сопруга, дека физички ја нападнал на улица „Маршал Тито“ во Неготино. Според пријавеното, потоа пред неговиот дом, физички ја нападнал и неговата 19-годишна ќерка и ѝ се заканувал“, соопштија од полицијата.
Тој бил задржан во полициска станица и бил известен јавен обвинител. По документирање на настаните, како што додадоа од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на мај 2026 година пријавени се вкупно 191 кривично дело од семејно насилство што претставува зголемување од 70,5 отсто во споредба со истиот месец од претходната година.



