Апелација:Доживотната казна за Палчо и групата, нова постапка за Ѓорчевски

Објавено:

Пресудата за доживотен затвор за Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е потврдена од Апелациониот суд во Скопје. Дополнително Апелација одлучи да ја укине ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и предметот го врати на ново судење.

Одлуката е донесена на 10 јули, по јавната седница во мај на која беа разгледани списите, жалбите и предлогот на Вишото јавно обвинителство. Со тоа, Апелација ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во осудителниот дел за четворицата обвинети, кои беа прогласени за виновни за грабнувањата и убиствата и осудени на доживотен затвор.

Таткото на Вања, обвинет за помагање во грабнувањето со тоа што им давал информации за времето кога неговата ќерка излегувала на училиште. Во текот на целата судска постапка тој ги негираше ваквите обвинувања, а првостепениот суд го ослободи од вина. Апелација ја укина ослободителната пресуда и предметот е вратен на повторно постапување пред првостепениот суд.

По објавувањето на одлуката, четворицата осудени кои речиси три години се во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, се очекува да бидат префрлени во „Идризово“ за издржување на казната.

Според пресудата, на 22 ноември 2023 година, „обвинетите заеднички извршиле грабнување на Панче Жежовски во Велес, Љупчо Палевски Палчо му пукал во глава, по што го заплениле неговото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје“.

Малолетната Вања беше грабната на 27 ноември,од влезот на нејзината зграда кога утрото се упатила кон училиште. Сторителите „ја врзале, ја ставиле во вреќа за спиење па во багажникот на „Цитроенот“ и во близина на Скопје ја убиле. Двајцата беа пронајдени мртви на 3 декември 2023 година.

Вања и Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Целокупниот судски процес се одвиваше со многу траорни сведочења, тага и нејаснотии. Додека сите обвинети негираа вина и мотивот дека жртвите ги грабнале за уцена и пари, обвинителството остана на ставот дека првичната цел била изнуда.

На стартот сите рекоа „Не се чувствувам виновен“, но по девет месеци во завршните зборови дел од обвинетите изразија каење а првообвинетиот посочи дека друг е извршител на убиството.

Кешишев се покаја и рече дека имал грижа на совест што бил дел од групата, но дека не учествувал во планирањето и извршувањето на убиствата. Палевски првпат јавно ги посочи Велибор Манев како организатор, Боре Видевски како извршител, а Влатко Кешишев како стражар во двата кривично-правни настани.

Манев ја откри информацијата дека синиот ранец со оружјето и моторолите бил скриен од член на партијата „ Десна“, по налог на Палевски додека Видевски признанијата се изнудени, а истрагата водена во погрешен правец.

Мајката на Вања писмо до судот побара да не дозволи ова да се случи повторно!