Победа за Илијана Јотова. Ова го покажуваат податоците од паралелното пребројување на 100 проценти од гласовите од страна на агенцијата „Мјара“ во вториот круг од претседателските избори.
Илијана Јотова и Кирил Влчев (кандидат за потпретседател) се на првото место со 58,2% поддршка на денешното гласање.
На второ место со 38,6% гласови е двојката Андреј Ѓуров – Георги Кандев.
На денешните избори, 3,2% од гласачите на гласачкото ливче заокружиле „Не поддржувам никого“.
Излезноста на гласачите, според агенцијата, изнесува 27, 2 % до 20:00 часот.
Јотова е поранешна членка на Европскиот парламент од редовите на социјалистите, а Ѓуров е прозападен економист поддржан од либерално-конзервативната опозиција.
Јотова, ја презеде функцијата привремен претседател во јануари откако претседателот Румен Радев поднесе оставка за да се кандидира на парламентарните избори. Тој ги доби тие избори со политичка платформа што многу аналитичари ја оценија како блиска до Кремљ. Радев ја поддржува Јотова, а двајцата се залагаат за дипломатско решение на војната. Со победата на изборите, Јотова стана првата жена што ја извршува функцијата претседател на Бугарија во историјата на таа земја.
Ѓуров е поддржан од прозападните реформистички партии, а тој долго време се залага за поддршка на Украина. За време на неговиот мандат на чело на техничката влада, тој потпиша договор за безбедносна соработка со Киев.


