Две тела најдени кај запалено возило во Богданци

Објавено:

Полициски службеници од полициската станица Гевгелија, по претходна пријава, на местото викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци, во близина на опожареното возило нашле машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Претходно Т.К. од Богданци пријавил дека забележал опожарено паркирано патничко возило, во чија близина има безживотно тело.

Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт.

По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот. За настанот веднаш е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и извршен е увид.

По насоки на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитет, односно утврдување на причините за смртта. Се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР.