Едно лице загина во напад врз брод во Ормускиот Теснец

Објавено:

Ирански трговски брод бил погоден рано во неделата во близина на островот Кешм, најголемиот остров во Персискиот Залив, кој се наоѓа во близина на Ормускиот теснец, при што загинало едно лице, соопштија иранските државни медиуми.

Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, соопштија дека истрелале беспилотни летала и ракети кон јужна Саудиска Арабија, со што се зголемува притисокот врз клучниот сојузник на САД во регионот. Во меѓувреме, во нов израелски напад во Газа загинале две лица – објави новинската агенција Асошиејтед прес (АП).

Одделно, британската служба за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека брод бил погоден од проектил додека минувал низ теснецот, но не даде дополнителни детали. Засега не е јасно дали станува збор за истиот напад.

Американската војска засега нема издадено соопштение.

Претходно, американските сили извршија напади врз бродови под иранско знаме, додека продолжуваат со блокадата на иранските пристаништа. Во саботата, американската војска соопшти дека нејзините сили пренасочиле 100 трговски бродови во изминатите 60 дена.

Последни објави