Европската унија (ЕУ) планира големо проширување на санкциите против Русија во наредните месеци, изјави за германскиот весник „Ди Велт“, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, а пренесоа светските новински агенции.
„Санкциите на ЕУ веќе скапо ја чинеа Русија, лишувајќи ја нејзината воена машинерија од повеќе од трилион евра, а за есен предлагам најдалекусежни санкции и додавање нови поединци и субјекти на списокот на санкционирани од почетокот на војната“, изјави Калас.
Калас не даде дополнителни детали за времето на воведување или содржината на новиот пакет санкции.
„Притисокот мора да се зголеми сè додека Москва не ја заврши војната. Откако ќе бидат усвоени, тие веднаш ќе го зголемат вкупниот број на санкционирани руски субјекти за една третина. Притисокот мора да продолжи да расте сè додека Москва не ја заврши војната“, вели Калас.
Во јули, ЕУ го одобри својот најнов пакет санкции против Русија поради војната во Украина, воведувајќи ограничувања на банкарскиот сектор и мрежите поврзани со криптовалутите.



